ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) ПОЗНАТИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ВОЈАЖ СТАНА ТАТКО ВО ТАЈНОСТ: Се дозна која е девојката со која ја криеше врската од јавноста!

(ФОТО) ПОЗНАТИОТ СРПСКИ ПЕЈАЧ ВОЈАЖ СТАНА ТАТКО ВО ТАЈНОСТ: Се дозна која е девојката со која ја криеше врската од јавноста!

Српскиот пејач Михајло Верувиќ, познат како Војаж, на 25-годишна возраст стана татко, а веста за приновата изненади многумина бидејќи тој успеал целосно да го зачува својот приватен живот од очите на јавноста.

Информацијата се прошири во медиумите, а самиот пејач ја потврди, но не сакаше да открива дополнителни детали за детето и својата партнерка. Во изјава за „Blic“, тој кратко се заблагодарил за честитките и побарал приватност.

„Благодарам, вистина е, фала на честитките, но ќе замолам за приватност“, изјавил Војаж.

Според пишувањата на локалните медиуми, неговата свршеница се породила пред една недела. Иако пејачот досега не откриваше со кого ја очекува приновата, медиумите сега го објавија и името на девојката.

Која е девојката со која Војаж доби дете?

Станува збор за Кристина Станков, модел која работи во Белград, но има и меѓународни ангажмани преку соработка со модна агенција во Париз.

Иако професијата ѝ е поврзана со јавни настапи и фотографирање, таа не сака да го изложува приватниот живот пред јавноста. Нејзините профили на социјалните мрежи се затворени, поради што има малку информации за нејзиното секојдневие.

Сепак, на интернет можат да се пронајдат неколку фотографии и видеа на кои се појавува Кристина. Дел од видеата се објавени на TikTok од нејзината пријателка Сара Великинац, па така јавноста доби можност да види како изгледа девојката за која се пишува дека е партнерка на пејачот.

Дополнително, фотографии од неа се достапни и во нејзиното манекенско портфолио во матичната агенција во Белград, како и во париската агенција со која соработува на интернационални проекти.

Војаж со години го чува приватниот живот подалеку од јавноста

Пејачот и претходно беше познат по тоа што ретко открива детали од љубовниот живот. Иако сега се дозна дека има свршеница и дека добил дете, тој не објавил фотографии со неа ниту дал дополнителни информации за нивното семејство.

Единствено што досега привлекло внимание е една мистериозна фотографија што ја објавил, на која не се гледа лицето на неговата партнерка. Во меѓувреме, на TikTok се појавија и видеа од неколку нивни заеднички појавувања во јавноста.

Војаж остана запаметен и по претходната врска со пејачката Бресквица, за која своевремено многу се пишуваше во регионалните медиуми.

Цеца му упати честитки за приновата

По веста дека младиот пејач станал татко, се огласи и фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Таа открила дека веќе знаела за убавата вест, иако дознала дека информацијата се појавила во медиумите.

„Видов денес во медиумите, но јас тоа го знаев! Од срце му честитам и им посакувам на младите родители да уживаат со бебето и бебето да биде живо и здраво“, изјавила Цеца.

И покрај големиот интерес што го предизвика веста, Војаж засега останува на ставот дека не сака да споделува детали за своето дете и партнерката. Очигледно е дека пејачот сака најважниот период од својот живот да го помине далеку од медиумското внимание.

Најнови вести