ПРВ.мк
Сцена

Војаж стана татко: Познатиот српски рапер го доби своето прво дете

Војаж стана татко: Познатиот српски рапер го доби своето прво дете

Познатиот српски рапер Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, за првпат стана татко, пренесуваат српските медиуми.

Според објавените информации, музичарот и неговата свршеница, чиј идентитет досега го чувал подалеку од очите на јавноста, го добиле своето прво дете.

Војаж во изминатиот период ретко се појавувал во јавноста, а веста за приновата претставува изненадување за неговите бројни обожаватели.

Иако е една од препознатливите млади музички ѕвезди во регионот, раперот одлучил својот приватен и семеен живот да го задржи надвор од медиумското внимание.

Засега не се објавени дополнителни информации за новороденчето, ниту други детали за породувањето.