ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Пријавени две лица!

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Пријавени две лица!

Физички напад во основно училиште во Охрид бил пријавен во полицијата, откако 37-годишна жена од Скопје посочила дека била нападната од две лица.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Охрид, случајот бил пријавен вчера во 17:18 часот. Во пријавата било наведено дека А.И. (24) и Р.Р. (29), двете од Охрид, физички ја нападнале М.Ј. (37) од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштуваат од СВР Охрид.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините што довеле до инцидентот, ниту за околностите под кои дошло до физичкиот напад.

Најнови вести