Еден државник на Индија загина, а еден државник на Нов Зеланд е повреден откако два хеликоптери се судрија при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал, соопштија денеска локалните власти.
„Инцидентот се случи во област на базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен“, изјави за Ројтерс Каман Синг Тапа Магар, главен окружен службеник на округот Солукхумбу.
Хеликоптерите што учествувале во судот припаѓале на приватните компании „Фиштајл ер“ (Fishtail Air) и „Династи ер“ (Dynasty Air). Компанијата „Фиштајл ер“ во соопштението наведе дека нејзиниот хеликоптер превезувал патници кои претходно биле спасени од регионот на Еверест и се урнал за време на слетувањето.
Индиецот и Новозеланѓанецот кои се наоѓале во леталцата биле туристи, рече претставникот на „Фиштајл ер“. Претставникот на компанијата „Династи ер“ изјави дека нивниот хеликоптер превезувал исклучиво товар.
До несреќата дојде за време на екот на сезоната за планинарење во Непал, кога хеликоптерите во тој регион превезуваат планинари и алпинисти, наведе Ројтерс.




