Четириесет и пет лица се повредени кога меѓуградски патнички автобус слеета од автопатот на југозападот на Турција и се преврте, пишува весникот „Хуриет“.
Несреќата се случила ноќеска во округот Хујук, на околу 20 километри од Бејшехир.
Автобусот патувал од Анталија кон Игдир во моментот кога возачот изгубил контрола, поради што возилото слеета од патот, паднало во јазот и се превртело.
Истрагата за несреќата е во тек.
ВИДЕО



