Нов случај на пријавено насилство во образовна установа е регистриран во Тетово, откако мајка пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син, ученик во основно училиште, бил физички нападнат од наставничка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 2 ноември, во 17:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово.
Случајот го пријавила 40-годишна жена од тетовско село, која ги известила полициските службеници дека нејзиниот син бил физички нападнат од наставничка во училиштето каде што учи.
Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите во кои се случил наводниот напад, ниту дали се преземени конкретни мерки во однос на наставничката. Случајот е предмет на постапување на надлежните институции.



