И учениците од IV одделение при ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, заедно со своите наставници, денеска беа дел од интересна и едукативна средба со градоначалникот во просториите на Општина Кавадарци.
Преку разговор, дружење и со многу љубопитни прашања, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа, начинот на кој функционира општината и одговорностите кои ги носи функцијата градоначалник. Со својата детска искреност и интересни размислувања, четвртоодделенците покажаа дека и најмладите кавадарчани имаат желба да дознаат повеќе за градот во кој живеат и за начините на кои можат да придонесат за негов развој.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека ги продолжуваат ваквите активности и ги отвораат вратите за сите ученици, бидејќи градењето активни, информирани и одговорни граѓани започнува уште од најрана возраст.



