Кариерата на Антиќ ја одбележаа два големи хита, „Samo sam tebe imao“ и „Šta ću noćas u kafani“, кои ги сними во 1994 година.
Жика беше препознатлив и по својот специфичен стил – долга коса, брада и темни очила беа негов заштитен знак. На своите настапи свиреше труба, што не беше вообичаено меѓу неговите колеги.
За тоа колку беше популарен во деведесеттите сведочи и снимката од неговиот настап, на која ја изведува нумерата „Samo sam tebe imao“, а која е прикажана во филмот „Vidimo se u čitulji“ и претставува едно од обележјата на музиката од тоа време.
Жика ја започна кариерата во 1986 година, а по албумот „Kad ja krenem“, со кој постигна голем успех во 1994 година, сними уште два албума.
Потоа одлучи да се повлече од јавната сцена и да се отсели во Чикаго.
На интернет пред неколку години кружеше и снимка од неговиот настап од 2010 година, направена во Чикаго, па можеме да заклучиме дека пејачот целосно не се откажал од пеењето.
Пејачот денеска многумина не би го препознале, бидејќи повеќе нема ни трага од неговиот некогашен препознатлив имиџ. Антиќ сега е ќелав, не носе брада, ниту темни очила.
Пред неколку години Антиќ го ожени својот син Ѓорѓе.
Кум на свадбата беше Милан Чоловиќ, син на пејачот Томислав Чоловиќ, кој беше голем пријател на Жика Антиќ. Нивното пријателство се пренесе и на нивните наследници, кои го крунисаа со кумство.
„Мојот татко го венча Жика и го крсти Ѓоле, така што сме целиот живот заедно. Ме праша да му бидам кум и да го продолжиме кумството, што јас, се разбира, со задоволство го прифатив“, изјави Чоловиќ за „Гранд“.








