ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Пронајдени две безживотни тела!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Пронајдени две безживотни тела!

Две безживотни тела се пронајдени во и покрај опожарен патнички автомобил на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село во Богданци. Едното лице е идентификувано како 21-годишниот В.Г. од Богданци, додека надлежните институции работат на утврдување на идентитетот на второто лице и причините за смртта.

Според информациите што ги потврдуваат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 3 ноември 2026 година, во 18:40 часот. Т.К. од Богданци пријавил дека на посочената локација забележал паркирано возило зафатено од пожар, а во негова близина имало и безживотно тело.

По пријавата, полициски службеници од Гевгелија веднаш се упатиле кон местото на настанот. Таму било пронајдено машко лице кое не давало знаци на живот. Подоцна било утврдено дека станува збор за 21-годишниот В.Г. од Богданци.

Екипа на Итната медицинска помош при Општата болница во Гевгелија пристигнала на локацијата и ја констатирала неговата смрт.

Откако пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, при проверката на возилото било откриено уште едно лице во неговата внатрешност. И тоа лице било пронајдено без знаци на живот.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по што бил извршен увид на местото.

По наредба на јавниот обвинител, телата се предадени на обдукција. Со вештачењето треба да се утврди идентитетот на второто лице, како и причините за смртта на двете лица.

Полицијата продолжува со преземање мерки за утврдување на сите околности под кои се случил настанот и целосно расчистување на случајот. Засега не се соопштени дополнителни информации за причините за пожарот.