ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛЕН НАПАД ВО АВТОБУС: Прво ги нападнал патниците и возачот, па искршил автомобил и се нафрлил врз полицајците!

БРУТАЛЕН НАПАД ВО АВТОБУС: Прво ги нападнал патниците и возачот, па искршил автомобил и се нафрлил врз полицајците!

Дваесет и седумгодишен скопјанец бил приведен во Драчево откако предизвикал повеќе инциденти, при што физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил патничко возило, а потоа нападнал и полициски службеници кои пристигнале на местото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, претходно било пријавено дека 27-годишникот најпрво влегол во конфликт со патниците во автобусот и физички нападнал неколкумина од нив.

Во инцидентот бил нападнат и возачот на автобусот, од кого осомничениот се обидел да го одземе мобилниот телефон.

По случувањата во автобусот, 27-годишникот излегол од возилото, но инцидентот не завршил тука. Тој потоа оштетил уште едно патничко возило, по што на местото пристигнале полициски службеници.

Наместо да се смири ситуацијата, мажот физички ги нападнал и полицајците кои интервенирале.

Од МВР информираат дека лицето било приведено, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.