ПРВ.мк
Свет

ЕВРОПА ЈА ЧЕКА ХАОС: Се здружија 7 земји - договорија истовремени протести!

ЕВРОПА ЈА ЧЕКА ХАОС: Се здружија 7 земји - договорија истовремени протести!

Синдикати, здруженија на станари и општествени движења од седум европски земји се договорија да одржат истовремени протести на 20, 21 и 22 ноември, барајќи контрола на цените на становите, зголемување на платите и пензиите, како и запирање на растот на воените расходи во Европа.

Договорот за заедничка мобилизација беше постигнат во вторник во Париз, на состанокот на претставниците на организациите од Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Грција, Италија и Велика Британија, пренесува португалската агенција Луса.

Кои се барањата?

Заедничката иницијатива е насочена кон борбата против зголемените трошоци за живот, а трите главни барања се однесуваат на:

  • ограничување на цените на становите и кириите,
  • зголемување на платите и пензиите и
  • запирање на забрзаното вооружување во Европа.

Претставничката на Лисабонскиот синдикат на станари и една од портпаролките на движењето „Акампада“, Тереза Мамеде, изјави дека на состанокот е договорена координирана акција во текот на три дена во повеќе европски земји. Во заедничката декларација организациите предупредуваат на сè поголемите трошоци за живот, истакнувајќи дека станбениот простор станува недостапен, додека цените на основните прехранбени производи и превозот продолжат да растат.

Учесниците во иницијативата предупредија и на враќањето на политиката на штедење, поврзана со барањата на доверителите на јавниот долг и растот на воените расходи.

Кои се останатите барања?

Меѓу останатите барања се наведуваат:

  • контрола на цените на храната и енергенсите,
  • достапни и квалитетни јавни услуги,
  • заштита на правото на работа,
  • поголемо оданочување на најбогатите и
  • отфрлање на понатамошното вооружување и користењето фосилни горива.

Од Португалија на состанокот учествуваа Лисабонскиот синдикат на станари, колективот „Климаксимо“ и движењето „Студенти за крај на фосилните горива“.