ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО: Терапијата за инфламаторни цревни болести ќе се прима во регионалните центри!

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО: Терапијата за инфламаторни цревни болести ќе се прима во регионалните центри!

По успешното започнување на децентрализацијата на терапијата за мултипла склероза, денеска на Медицинскиот факултет во Скопје се одржа значаен стручен состанок за децентрализација на терапијата за инфламаторни цревни болести (Кронова болест и улцерозен колитис).

Состанокот беше во организација на Македонското здружение за гастроентерохепатологија, предводено од проф. д-р Мери Трајковска.

Податоците покажуваат драматичен раст на потребата од оваа терапија – бројот на пациенти на биолошка терапија се зголемил од само 15 во 2019 година на дури 217 пациенти денес. Над половина од нив живеат надвор од Скопје, поради што многумина со часови патуваат до главниот град за да ја примат својата редовна терапија.

Главните точки од новиот предлог-план:

  • Регионални центри за терапија: Терапијата за одржување кај стабилните пациенти ќе се аплицира во регионалните здравствени центри низ државата.
  • Улогата на Универзитетската клиника: Клиниката ќе остане фокусна точка за дијагностика, започнување на терапијата и третман на сложените случаи.
  • Старт со пилот-проект: Во 2027 година ќе започне пилот-проект во ГОБ „8 Септември“, по што ќе следи контролирано проширување во останатите градови.

Децентрализацијата носи тројна вредност за здравствениот систем: побрз и полесен пристап за пациентите, растоварување на Клиниката во Скопје и стручно збогатување на работата на здравствените работници во регионалните болници.

„За секој пациент, секој ден!“

Најнови вести