ПРВ.мк
Македонија

ПОБЕЗБЕДНИ ПАТИШТА ВО КАВАДАРЦИ: Се чисти патната инфраструктура кон село Ресава!

ПОБЕЗБЕДНИ ПАТИШТА ВО КАВАДАРЦИ: Се чисти патната инфраструктура кон село Ресава!

Во рамките на редовните активности за одржување и подобрување на патната инфраструктура, екипите на терен вршат целосно чистење на таложникот и испустот под коловозот на патот кон селото Ресава, во месноста Шамаците.

Со овие градежни и теренски активности се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува нивното задржување на патот и директно се намалува ризикот од оштетување на самиот коловоз.

Од Општина Кавадарци порачуваат дека градежните активности продолжуваат со исто темпо:

„Продолжуваме со активностите за побезбедна и пофункционална патна инфраструктура на целата територија на Општина Кавадарци!“

Најнови вести