ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Малолетник зад воланот на „мерцедес“, 18-годишна велешанка меѓу тешко повредените!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Малолетник зад воланот на „мерцедес“, 18-годишна велешанка меѓу тешко повредените!

Рано утрото во вторникот, на 3 ноември, се случила сообраќајна несреќа на крстосница во Скопје, во која тешки телесни повреди добиле три лица, меѓу кои и 18-годишна девојка од Велес. Таа била сопатничка во автомобил „мерцедес“ управуван од малолетник од скопското село Горно Количани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 04:20 часот во СВР Скопје. Судирот се случил на крстосницата меѓу улицата „Борис Трајковски“ и улицата „1519“, каде се судриле два патнички автомобили со скопски регистарски ознаки.

Станува збор за автомобил „мерцедес“, управуван од малолетник од село Горно Количани, и возило „цитроен“, зад чиј волан била 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.

Во сообраќајната несреќа тешки телесни повреди добиле двајцата возачи, како и 18-годишната А.Д. од Велес, која се наоѓала во „мерцедесот“. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од МВР информираат дека на местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а околностите под кои дошло до судирот се предмет на утврдување.