ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 4 нови случаи - претепани сопруги и родители!

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 4 нови случаи - претепани сопруги и родители!

Полицијата регистрирала четири одделни случаи на семејно насилство во Берово, Кочани, Струга и Кичево, во кои биле пријавени физички напади врз сопруги и родител, како и упатени закани во семејни домови.

Во Берово, 43-годишна жена вчера во 15:30 часот пријавила во Одделението за внатрешни работи дека била физички нападната од својот сопруг М.Д. Инцидентот се случил во нивниот семеен дом, по претходна расправија меѓу сопружниците.

Во друг случај, полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода 67-годишниот Д.Ј. од Кочани. Неговата 58-годишна сопруга претходно пријавила дека околу 15 часот, во семејниот дом, тој ѝ упатувал закани.

Физичко насилство било пријавено и во струшкиот регион. Според пријавата доставена до ОВР Струга, лицето Ј.Б. во семејниот дом физички го нападнало својот 67-годишен татко.

Четвртиот случај бил регистриран во кичевско село. Синоќа во 22:20 часот полициски службеници го уапсиле 59-годишниот Ц.А., откако било пријавено дека во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сите четири случаи се преземаат мерки за целосно документирање на настаните. По расчистувањето на околностите, против пријавените лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.