Шестгодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од товарно возило во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во главниот град.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. Несреќата се случила на улицата „362“, каде што 48-годишниот М.С. од Скопје управувал товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што удрил во шестгодишното дете.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.








