ПРВ.мк
Македонија

НАЈВИСОКО СВЕТСКО ИСКУСТВО ВО СКОПЈЕ: Историска средба со директорот на американскиот „Moffitt Cancer Center“ за подобра иднина на македонската онкологија!

НАЈВИСОКО СВЕТСКО ИСКУСТВО ВО СКОПЈЕ: Историска средба со директорот на американскиот „Moffitt Cancer Center“ за подобра иднина на македонската онкологија!

Денеска се одржа значајна средба со д-р Роберто Дијаз, сениор медицински директор од престижниот американски „Moffitt Cancer Center“ од Тампа, Флорида. На средбата присуствуваше и директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Игор Стојковски.

На состанокот беа отворени клучни прашања за развојот и унапредувањето на здравствениот систем во земјава, со посебен акцент на неколку витални области:

  • Поддршка и развој на Националниот план за контрола на ракот
  • Воведување современи и нови методи во лекувањето на пациентите
  • Интензивна едукација и стручно усовршување на домашниот здравствен кадар

Американскиот „Moffitt Cancer Center“ важи за една од водечките онколошки установи во Флорида и Соединетите Американски Држави, а се одликува со престижниот статус на NCI Comprehensive Cancer Center – највисоката ознака што ја доделува Националниот институт за рак на САД (National Cancer Institute), што потврдува врвен стандард во научноистражувачката работа и лекувањето на пациенти.

Оваа соработка отвара нови хоризонти за македонската медицина и примена на највисоките светски стандарди во борбата против малиignитe заболувања.