ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Десет лица уапсени на повеќе локации!

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Десет лица уапсени на повеќе локации!

Полициските службеници во Скопје спровеле повеќе одделни интервенции во текот на вчерашниот и денешниот ден, при што биле приведени вкупно десет лица, меѓу кои и двајца малолетници.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ги лишиле од слобода лицата на различни локации низ градот.

Меѓу приведените се Б.Д. (37), И.М.П. (18), А.Т. (29), Д.Д. (27), А.Б. (26), Н.К. (36), како и двајца 17-годишници. Сите тие се од Скопје.

Во истите полициски активности биле приведени и А.О. (25) и Р.М. (31), двајцата од селото Черкези, Кумановско.

Според информациите од МВР, при извршените проверки кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и прашкаста материја.

Од полицијата посочуваат дека случаите се документираат, а по нивното целосно расчистување против приведените ќе следуваат соодветни поднесоци.