ПРВ.мк
Сцена

СКАНДАЛОТ ДОБИ НОВ ПРЕСВРТ: Мина Костиќ се огласи по наводната кражба во трговски центар

СКАНДАЛОТ ДОБИ НОВ ПРЕСВРТ: Мина Костиќ се огласи по наводната кражба во трговски центар

Српската пејачка Мина Костиќ се огласи откако во јавноста се појавија информации дека наводно била фатена при обид да изнесе неплатено парче облека од продавница во трговски центар.

Пејачката потврди дека била во продавницата, но категорично негираше дека станува збор за намерна кражба.

„Да, бев таму. Отидов да вратам нешто“, изјавила Костиќ за српските медиуми.

На дополнителното прашање што точно се случило, пејачката одговорила дека станува збор за недоразбирање.

„Тоа парче чини само 10.000 динари, навистина не би го направила тоа. Се случи грешка, во прашање е грешка“, рекла Мина, по што го прекинала телефонскиот разговор.

Нејзината реакција следува откако српските медиуми објавија дека во трговски центар наводно бил забележан инцидент поврзан со неплатена гардероба.

Според пишувањето на „Курир“, пејачката наводно се обидела преку свои познанства да влијае врз полицијата за да избегне понатамошно задржување и евентуална прекршочна пријава.

Сепак, ваквите тврдења засега не се независно потврдени.

Костиќ останува на ставот дека немала намера да украде ништо и дека целиот случај е резултат на грешка.

Засега нема официјални информации дали против пејачката е поднесена пријава или дали ќе следува понатамошна постапка.