ПРВ.мк
Свет

Историска одлука во европска земја: За првпат жена би можела да стане претседател на државата

Историска одлука во европска земја: За првпат жена би можела да стане претседател на државата

Германија би можела за првпат во својата историја да добие жена претседател, откако партиите од владејачката коалиција постигнале договор за поддршка на Илзе Ајгнер, поранешна министерка во владата на Ангела Меркел.

Според германските медиуми, канцеларот Фридрих Мерц и неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) ја поддржале кандидатурата на Ајгнер, која доаѓа од баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ).

Поддршка за нејзината кандидатура претходно дала и Социјалдемократската партија (СПД), со што значително се зголемуваат изгледите таа да биде избрана на претседателските избори закажани за 30 јануари 2027 година.

Илзе Ајгнер е родена во 1964 година во Баварија, а политичката кариера ја изградила во редовите на ЦСУ.

Од 2008 до 2013 година ја извршувала функцијата министерка за земјоделство во владата на Ангела Меркел. Во германската јавност е позната како политичарка која се залага за компромис и соработка.

Актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го завршува својот втор мандат и според германскиот Устав нема право повторно да се кандидира.

Претседателот на Германија се избира од Сојузното собрание, составено од пратениците во Бундестагот и претставници избрани од сојузните покраини.

Иако владејачките партии располагаат со значителна поддршка, опозициските партии најавуваат можност за сопствени кандидати.

Претседателската функција во Германија има претежно претставничка улога, но носителот на функцијата поседува и одредени уставни овластувања, вклучително и при потпишувањето закони.

Доколку Ајгнер биде избрана, таа ќе стане првата жена на претседателската функција во историјата на Сојузна Република Германија.