ПРВ.мк
Сцена

Боки 13 го избриша целиот Инстаграм – јавноста збунета, фановите загрижени

Боки 13 го избриша целиот Инстаграм – јавноста збунета, фановите загрижени

Македонскиот шоумен и една од најпознатите медиумски личности во регионот, Бојан Јовановски – Боки 13, повторно го привлече вниманието на јавноста со неочекуван потег.

Во период кога околу него сè почесто се зборува за големи проекти, нова музика, спотови и подкастот кој бележи огромна гледаност, Боки 13 одлучи да го избрише целиот досегашен содржај од својот официјален Инстаграм профил.

Од профилот се отстранети фотографиите, видеата и објавите, што веднаш предизвика бројни реакции и шпекулации на социјалните мрежи. Фановите се прашуваат дали станува збор за подготовка на нов проект, медиумска стратегија или целосно нов почеток.

Јовановски засега јавно не се огласи за причините зад овој потег.

Инаку, неговиот подкаст „Боки 13“ веќе подолго време привлекува големо внимание во регионот, со гости од самиот врв на балканската естрада, меѓу кои Драгана Мирковиќ, Весна Змијанац, Јелена Карлеуша, Мира Шкориќ, Аца Лукас и многу други.

Дополнително, извори блиски до шоуменот тврдат дека Боки 13 работи и на нови музички проекти и видеоспотови, па токму затоа неговото ненадејно бришење на Инстаграм дополнително ја разгоре љубопитноста кај јавноста.