ПРВ.мк
Наука/Технологија

НОВА ЕРА: Македонскиот пазар добива трет мобилен оператор - еве од кога почнува со работа!

НОВА ЕРА: Македонскиот пазар добива трет мобилен оператор - еве од кога почнува со работа!
Kristal

Во текот на 2025 година, до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) пристигнале 346 барања за решавање спор помеѓу граѓаните и операторите, нешто помалку од 363-те случаи регистрирани во 2024 година.

Најчестите причини за обраќање се:

  • Неквалитетна услуга,
  • Измени на услови од претплатнички договор,
  • Високи сметки,
  • Раскинување на договор со наплата на казнени пенали.

Од вкупниот број решенија, АЕК усвоила 45 предмети, 14 биле делумно усвоени, 40 биле затворени поради постапување од страна на операторот, а 109 се одбиени. Останатите предмети биле непотполни, повторно поднесени или не биле во надлежност на агенцијата.

Според АЕК, граѓаните со овие барања го користат соодветно механизмот за заштита кој го обезбедува регулаторното тело.

Очекувања за 2026 година:

  • Влез на трет мобилен оператор на пазарот,
  • Ставање во функција на телекомуникациската кула на Водно,
  • Воведување на T-DAB дигитално радио.

АЕК истакнува дека 2025 година е позитивна за развојот на пазарот на електронски комуникации, со стабилен раст на квалитетот на услугите. Операторите веќе обезбедуваат брзина на пристап преку 5G од околу 340 Mbps во градовите и 120 Mbps на патиштата, што ги надминува таргетите поставени во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) и ги става македонските мрежи меѓу првите 5-10 во Европа по квалитет.

FixCredit
Escape