ПРВ.мк
Македонија

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: До 38 степени, а потоа се заканува силно невреме со град

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: До 38 степени, а потоа се заканува силно невреме со град

Во вторник, 25 август, претпладне ќе преовладува сончево и топло време, додека во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува зголемена нестабилност.

Ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места процесите може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со силен ветер и појава на град.

Температурите во земјава ќе се движат од минимални 15 до максимални 38 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До крајот на работната седмица не се очекува поголема промена на температурите. Ќе продолжи периодот на сончево и топло време, со повремена умерена облачност во текот на денот.