ПРВ.мк
Македонија

ГО УБЕДИЛА ДЕКА Е БРЕМЕНА И МУ ЗЕЛА 18.000 ЕВРА: Полицијата поднесе кривична

ГО УБЕДИЛА ДЕКА Е БРЕМЕНА И МУ ЗЕЛА 18.000 ЕВРА: Полицијата поднесе кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од гостиварското село Дебреше, осомничена дека со лажна приказна за бременост успеала да извлече 18.000 евра од својот партнер од Косово.

Според полициските информации, Е.Р. подолг период го доведувала партнерот во заблуда, убедувајќи го дека е бремена.

Верувајќи во нејзините тврдења, мажот во повеќе наврати ѝ испраќал пари преку систем за брз трансфер. Вкупната сума што ја префрлил достигнала 18.000 евра.

Откако ги добила парите, жената на крајот признала дека не била бремена и дека приказната ја измислила со цел да се стекне со парична корист.

По расчистувањето на случајот, СВР Тетово против 33-годишната жена поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.