ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛСТВО МЕЃУ УЧЕНИЦИ ВО СКОПСКО УЧИЛИШТЕ! Малолетник заврши со тешки повреди - мајката ги раскажа деталите!

НАСИЛСТВО МЕЃУ УЧЕНИЦИ ВО СКОПСКО УЧИЛИШТЕ! Малолетник заврши со тешки повреди - мајката ги раскажа деталите!

Четириесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученик во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од МВР, пријавата била поднесена на 6 ноември 2026 година, во 17:45 часот. Жената пријавила дека инцидентот се случил ден претходно, на 5 ноември, во ходникот на училиштето.

При нападот, според пријавеното, соученикот употребил тврд предмет и физички го нападнал малолетникот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Најнови вести