ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) „ИМАМЕ ПОДЗЕМЕН РАКЕТЕН ГРАД!“ Иран го покажа тајниот лавиринт од тунели во кои ги чува ПРОЕКТИЛИТЕ: Погледнете како изгледа

(ВИДЕО) „ИМАМЕ ПОДЗЕМЕН РАКЕТЕН ГРАД!“ Иран го покажа тајниот лавиринт од тунели во кои ги чува ПРОЕКТИЛИТЕ: Погледнете како изгледа

Иран развил сопствени капацитети за производство и складирање оружје во подземни комплекси, кои овозможуваат производството да продолжи дури и за време на интензивни воздушни напади. Ова го соопштил портпаролот на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), најавувајќи дека во текот на неделава ќе биде откриен нов подземен „ракетен град“.

Како што пренесуваат иранските новински агенции „Тасним“ и „Фарс“, портпаролот истакнал дека земјата, благодарение на развојот на домашната воздухопловна и одбранбена индустрија, станала независна од странските добавувачи. Според неговите зборови, Иран денес се потпира на сопственото знаење, технологија и стручност при производството на напредно вооружување.

Тој изнел и тврдење дека иранските воздухопловни сили за време на таканаречената „Рамазанска војна“ собориле или уништиле повеќе од 260 непријателски летала. Меѓу нив, според наводите на портпаролот, имало авиони од типот Ф-35, Ф-16, Ф-8 и Ф-5, како и беспилотни летала.

Дополнително, тој навел дека во текот на претходните една до две недели Иран заробил седум извидувачки дронови MQM-170, пренесе „Ал Џезира“.

Ракети и дронови со технологија за намалување на радарскиот одраз

Портпаролот на ИРГЦ изјавил и дека иранските ракети и беспилотни летала се опремени со технологија наменета за намалување на нивниот радарски одраз и избегнување на противвоздушната одбрана.

Според него, постоењето на подземните воени комплекси ги нарушило проценките на противниците за вистинскиот обем на иранскиот ракетен арсенал, бидејќи значителен дел од капацитетите се наоѓаат под земја.

Тој предупредил дека секој нов напад врз Иран ќе предизвика посилен одговор. Додал дека иранските сили ќе бидат подготвени да спроведат асиметрични операции доколку проценат дека постои закана за земјата.

Иран најавува можни промени во нуклеарната доктрина

Осврнувајќи се на нуклеарната политика, портпаролот рекол дека Иран е подготвен за стратешки промени. Според него, ИРГЦ би била подготвена повторно да ја разгледа нуклеарната доктрина доколку државното раководство донесе таква одлука.

Тој потврдил и дека развојот на иранските ракетни полигони продолжува и дека нема да биде прекинат.

Изнесените бројки за соборени и уништени летала, како и тврдењата за воените капацитети, се наводи на иранскиот претставник и не претставуваат независно потврдени податоци.

ВИДЕО 

Најнови вести