Талентираната романска теквондистка Изабел Сава ненадејно почина на само 19-годишна возраст. Според нејзините роднини, младата спортистка доживеала срцев застој додека спиела.
Изабел живеела со своите родители во близина на Лондон и била нивното единствено дете. По срцевиот застој, лекарите со часови се обидувале да ѝ го спасат животот, но нивните напори, за жал, биле безуспешни.
Нејзината смрт предизвикала огромен шок кај семејството и блиските, особено затоа што станувало збор за млада и физички активна спортистка која, според семејството, претходно поминувала и детални лекарски прегледи.
Теквондото било голем дел од нејзиниот живот. Тренирала повеќе од една деценија и стигнала до црн појас втор дан.
Еден од најголемите успеси во нејзината кариера го постигнала во 2022 година, кога на Светското првенство во Холандија освоила сребрен медал во спаринг.







