ПРВ.мк
Црна Хроника

Пожарникар подметнувал пожари, па самиот ги гаснел: На полицијата ѝ кажал зошто го правел тоа

Пожарникар подметнувал пожари, па самиот ги гаснел: На полицијата ѝ кажал зошто го правел тоа

Полицијата во Австрија откри необичен случај во кој 28-годишен пожарникар е осомничен дека намерно предизвикувал пожари, а потоа учествувал во нивното гаснење.

Според австриските медиуми, пожарникарот признал дека во текот на јули и август подметнал три пожари во округот Оберпулендорф. Наводно, додека се движел со автомобил, фрлал запалена хартија врз суви тревни површини, по што избувнувал пожар.

Уште понеобично е што по подметнувањето на пожарите и самиот се вклучувал во интервенциите за нивно гаснење. Во два од трите случаи, токму тој наводно ги повикал итните служби и го пријавил пожарот.

При разговорот со полицијата, 28-годишникот тврдел дека немал намера да предизвика голема штета или да загрози некого. Како причина за своите постапки навел дека сакал повеќе „акција“ и дека уживал во пожарникарските интервенции.

За среќа, сите три пожари биле навреме локализирани и изгаснати. Нема повредени лица, а според досегашните информации не била предизвикана ниту материјална штета.

Против пожарникарот е поднесена пријава поради сомнение за подметнување пожари.