ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: Петгодишно девојче во кома, автомобил удрил во мајка со две деца

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: Петгодишно девојче во кома, автомобил удрил во мајка со две деца

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во Краљево, Србија, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во мајка која се движела по пешачка патека со своите две деца.

Најтешко е повредено петгодишно девојче, кое според првичните и неофицијални информации се наоѓа во кома и е во критична состојба.

Несреќата се случила околу 19 часот во улицата „Четврти краљевачки баталјон“, во близина на кејот. Семејството било на прошетка, при што мајката туркала количка со едногодишно бебе, додека петгодишното девојче одело покрај неа.

Во еден момент автомобилот излетал од патот и удрил во нив. Ударот бил толку силен што детската количка била отфрлена на тревната површина и целосно згмечена.

Мајката и едногодишното бебе, според достапните информации, се свесни, додека состојбата на петгодишното девојче е критична. Децата треба да бидат пренесени на понатамошно лекување во Крагуевац.

Со семејството во моментот на несреќата бил и таткото, кој не бил удрен од автомобилот.

Возачот е уапсен, а полицијата врши увид и ги утврдува причините и околностите под кои се случила несреќата.