Работодавците денес добиваат десетици, дури и стотици апликации на ден за една работна позиција. Тие трошат само неколку секунди на едно CV, па затоа првиот вшечаток кој ќе го оставите може да биде клучен.
Доколку вашето CV не е јасно, прецизно и добро оптимизирано, лесно можат да го игнорираат и да остане незабележано иако сте потрошиле цел ден на тоа.
Во продолжение, ќе ви помогнеме да ги научите најчестите причини зошто регрутерите го игнорираат вашето CV и како да ги избегнете во иднина.
1. Испраќате едно исто CV за секоја работна позиција
Ова е една од најчестите грешки кои кандидатите ја прават кога аплицираат за одредена работа. Иако ќе ви заштеди време, ретко може да ви донесе добри резутлати.
Зошто?
Кога аплицирате, работодавецот во својот оглас ги наведува различните вештини, искуства, и способности кои се потребни за таа позиција. И поради тоа, тој очекува дека вие сте вистинскиот кандидат доколку ги исполнете тие услови.
Сo TailoredCV.ai можете да го прилагодите вашето резиме со само 4 кратки чекори:
- Го прикачувате вашето CV
- Го внесувате описот на работната позиција
- Со помош на нивните AI асистенти, го анализира огласот и го прилагодува вашето резиме
- Можете да го симнете финалното, оптимизирано CV со еден клик
2. Вашето CV не поминува ATS системи
Многу компании користат систем за следење на кандидати - ATS (Applicant Tracking System).
Кога аплицирате, вашето CV поминува низ овој систем бидејќи не е во соодветен ATS формат. Системот веќе има меморирано профил од тоа како би изгледал идеалниот кандидат за таа позиција, согласно огласот.
Потоа, преку напредно пребарувње ги споредува клучните зборови наведени во огласот со клучните зборови наведени во вашата апликација, го оценува и рангира вашето резиме.
Па така доколку сакате да ги зголемите шансите вашето резиме да го помине овој систем, треба:
- Да ја употребувате истата терминологија наведена во огласот
- Да употребувате клучни зборови
- Да користете едноставен АTS формат
3. Содржи непотребни информации
Долгите описи со непотребни детали може само да ви го отежнат процесот за аплицирање. Регрутерот може лесно да го игнорира вашето CV доколку содржи информации што не се поврзани со работната позиција.
Добро резиме треба да биде прегледно, лесно за читање и фокусирано на она што е релевантно за работата за која аплицирате.
Наместо да ги наведувате сите обврски и искуства што сте ги имале, фокусирајте се на:
- Резултати кои се поврзани со работната позиција
- Достигнувања кои покажуваат зошто сте вистинскиот кандидат
- Способности кои се релевантни за позицијата
4. Наведувате обврски, а не резултати
Многу често кандидатите ги наведуваат само обрвските кои ги работеле, но не и резултатите кои ги постигнале. И токму ова е тоа што може да ве издвои од конкуренцијта.
На пример, наместо да наведете:
“Бев одговорен/на за продажба и комуникација со клиенти.”
Напишете:
“Ја зголемив продажбата за 30% во период од една година преку подобрување на односите со клиентите.”
Како што можете да видете, во вториот пример давате конкретни резултати и постигнувања кои оставаат многу поголем впечаток и вредност за регрутерите отколку список на секојдневни задачи.
Заклучок
Вашето CV не е само документ кој го опишува вашето професионално искуство. Тоа е првата можност да се истакнете од конкуренцијата, да го привлечете вниманието на регрутерите и да докажете зошто сте соодветната личност за работната позиција.
Затоа се повеќе кандидати користат алатки како TailoredCV.ai, кои го поедноставуваат овој процес и помагаат полесно да ги истакнете информациите што се најрелевантни за конкретниот оглас. Со нивните услуги и решенија, можете значително да ги зголемите шансите да бидете повикани на интервју.







