ПРВ.мк
Наука/Технологија

Огромен астероид ќе мине покрај Земјата во сабота – еве колку ќе ни се доближи

Огромен астероид ќе мине покрај Земјата во сабота – еве колку ќе ни се доближи

Огромниот астероид (152637) 1997 NC1 во сабота, 27 јуни, ќе помине покрај Земјата на најмалото растојание, но научниците уверуваат дека не постои никаква опасност од судир.

Според Европската вселенска агенција (ЕСА), астероидот ќе се доближи на околу 2,56 милиони километри од Земјата, што е приближно шест пати поголемо растојание од она меѓу Земјата и Месечината.

Иако се движи со брзина од речиси девет километри во секунда, експертите нагласуваат дека можноста за удар е целосно исклучена.

Астероидот, откриен во 1997 година, има проценет дијаметар меѓу 750 и 1.650 метри. Големината е пресметана според количината на сончева светлина што ја рефлектира, иако некои истражувања укажуваат дека би можел да биде и помал.

„Приближувањето на објект од оваа големина до Земјата се случува само на неколку години, но овојпат светлината од речиси полната Месечина може да ја отежне неговата видливост“, изјави Хуан Луис Кано од Канцеларијата за планетарна одбрана на ЕСА.

Астероидот ќе може да се набљудува со помош на мал телескоп или поголем двоглед, особено од северната хемисфера додека се приближува кон Земјата.