ПРВ.мк
Македонија

Тие се иднината на Македонија: Претседателката денеска ќе ги прими наградуваните ученици

Тие се иднината на Македонија: Претседателката денеска ќе ги прими наградуваните ученици

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија продолжува денеска во Вила Водно, каде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе организира прием за ученици кои постигнале значајни резултати на меѓународни научни натпревари.

На приемот ќе присуствуваат ученици од основните и средните училишта, како и нивните ментори, кои во текот на учебната 2025/2026 година учествувале на меѓународни научни олимпијади и натпревари.

Дел од учениците се вратија со медали, награди и признанија, претставувајќи ја Македонија на меѓународната сцена.

На настанот ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска, информираат од Кабинетот на претседателката.

Во рамките на програмата за одбележување на Денот на независноста, со почеток во 9 часот ќе се одржи и панел-дискусијата „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

На панелот, покрај Сиљановска-Давкова, ќе учествуваат поранешни политичари и државни функционери, пратеници, новинари и други јавни личности кои биле непосредни учесници или сведоци на процесите поврзани со создавањето на независна Македонија.

Учесниците ќе ги споделат своите сведоштва и видувања за политичките, институционалните и општествените процеси што доведоа до прогласувањето на независноста на државата.