ПРВ.мк
Македонија

Ќе се прска против комарци во Скопје: Познато кога и каде ќе се спроведе акцијата

Ќе се прска против комарци во Скопје: Познато кога и каде ќе се спроведе акцијата

На 9 септември, во среда, на подрачјето на Скопје ќе се спроведе терестична дезинсекција против ларви од комарци.

Според информациите од Секторот за комунални работи на Град Скопје, акцијата ќе се спроведува на езерцата и каналите во Градскиот парк, како и на Смилковските Езера.

Со третманот против ларви од комарци ќе бидат опфатени вкупно 17 хектари површина.

Од Град Скопје упатија известување и до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.