ПРВ.мк
Магазин

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Карлеуша во солзи по зборовите на Душко

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Карлеуша во солзи по зборовите на Душко

Големата семејна прослава по повод 18. роденден на Атина Тошиќ и 17. роденден на нејзината сестра Ника донесе момент кој веднаш го привлече вниманието на јавноста. Во центарот на вниманието се најдоа нивните родители, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, кои во еден момент се прегрнаа и разменија бакнеж.

Поранешните сопружници во текот на вечерта биле заедно покрај своите ќерки, ги пречекувале гостите и учествувале во прославата, но особено внимание предизвикале емотивните зборови што Душко јавно ѝ ги упатил на Јелена.

„Тебе, мамо, ти честитам и ти благодарам што ми роди две принцези“, ѝ рекол Душко, по што следувале прегратка и бакнеж.

Тошиќ зборувал и за улогата на Карлеуша во воспитувањето на нивните ќерки, признавајќи дека поради професионалните обврски голем дел од времето го поминувал надвор од земјата.

„Ѝ благодарам на Јелена и многу сум горд на неа. Поминав малку време со нив, а таа ги воспитуваше и многу сум горд“, изјавил Душко.

Неговите зборови ја трогнале Карлеуша, која не успеала да ги сокрие солзите. Таа објаснила дека станува збор за солзи радосници, а воедно го пофалила Душко како татко на нивните две ќерки.

Заедничкото појавување и блискоста на поранешните сопружници повторно поттикнаа шпекулации за нивниот однос, особено затоа што во последно време сè почесто можат да се видат заедно.

Душко неодамна присуствуваше и на роденденот на Јелена, а заедно со ќерките беше и на нејзиниот настап во Белград.

Сепак, Карлеуша претходно нагласи дека не станува збор за љубовно помирување, туку дека двајцата изградиле подобар однос поради Атина и Ника и сакаат заеднички да бидат присутни во нивниот живот.

Но, по емотивните зборови, солзите, прегратката и бакнежот на последната прослава, нивниот однос повторно стана една од главните теми во регионалната јавност.