ПРВ.мк
Црна Хроника

Осуденик пронајден мртов во „Идризово“: Телото веднаш испратено на обдукција

Осуденик пронајден мртов во „Идризово“: Телото веднаш испратено на обдукција

Шеесетгодишен осуденик од Неготинско бил пронајден починат во Казнено-поправната установа – Затвор „Идризово“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, вчера во 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во затворот бил пронајден починат Д.М. (60), кој издржувал затворска казна во установата.

На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.