Во Казнено-поправниот дом во Прилеп се изработени нови боксови за сместување на службените кучиња, со што се прошируваат капацитетите и дополнително се унапредуваат безбедносните услови во установата.
Како што информираат од Управата за извршување на санкции, потребата за нови боксови се појавила по зголемувањето на бројот на службени кучиња кои се користат во обезбедувањето на затворот.
Службените кучиња имаат активна улога во обезбедувањето на надворешниот периметар и ѕидовите на КПД Прилеп, поради што било неопходно да се обезбедат дополнителни и соодветни услови за нивно сместување.
Интересно е што во изработката на новите боксови биле вклучени и самите осудени лица. Активностите биле реализирани во координација со управата на КПД Прилеп, како дел од работниот ангажман на затворениците и активностите за подобрување на условите и безбедноста во установата.








