Полицијата во Неготино приведе две лица откако при претрес во село Дуброво била пронајдена марихуана.
Според информациите од МВР, на 7 септември околу 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 20-годишниот Х.Т. од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга.
Претресот во домот на Х.Т. бил извршен со судска наредба од Основниот суд Кавадарци. При преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана.
Според МВР, кога Х.Т. ги забележал полициските службеници, марихуаната ѝ ја дал на 17-годишната девојка.
Двајцата биле приведени во полициска станица, а со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.







