ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на само 22 години: Почина поранешната Мис Австрија

Трагедија на само 22 години: Почина поранешната Мис Австрија

Хрватската заедница во Австрија ја потресе веста за прераната смрт на Луција Шишиќ, млада девојка со хрватски корени која во 2024 година ја освои титулата Мис Австрија. Таа почина на само 22-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја објавил семејниот пријател Мирослав Пиплица, кој се простил од Луција со емотивна порака, наведувајќи дека нејзината насмевка, добрина и топлина оставиле трага кај луѓето што ја познавале.

Луција била родена во Виена, додека нејзините родители потекнувале од Босанска Посавина. Иако пораснала во Австрија, таа останала силно поврзана со своите корени, го зборувала хрватскиот јазик и често ја посетувала Босна и Херцеговина.

Пошироката јавност ја запозна на почетокот на 2024 година, кога најпрво беше прогласена за Мис Виена. Неколку месеци подоцна го постигна и својот најголем успех во светот на убавината – ја освои титулата Мис Австрија 2024.

Покрај моделството, Луција била студентка на Универзитетот во Виена, а имала интерес и за цртање и пеење. Луѓето што ја познавале ја опишувале како ведра, скромна и талентирана млада девојка.

Таа била и членка на австриското здружение „Herzkinder Österreich“, кое ги поддржува лицата родени со вродени срцеви мани.