ПРВ.мк
Македонија

СЕ ОБИДЕЛ ДА ИЗБЕГНЕ ПЛАЌАЊЕ КАЗНИ СО ЛАЖНИ УПЛАТНИЦИ: Полицијата открила фалсификат!

СЕ ОБИДЕЛ ДА ИЗБЕГНЕ ПЛАЌАЊЕ КАЗНИ СО ЛАЖНИ УПЛАТНИЦИ: Полицијата открила фалсификат!

Дваесетгодишник се обидел да прикаже дека ги платил изречените прекршочни казни со фалсификувани уплатници, но измамата била откриена при полициска контрола во Охрид.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 август 2026 година, младото момче доставило фалсификувани уплатници во Одделението за прекршоци во Охрид, со кои наводно докажувало дека ги подмирило своите прекршочни налози.

Меѓутоа, при извршената проверка било утврдено дека доставените документи не се оригинални, туку станува збор за фалсификати. Со ваквото постапување, според полицијата, била предизвикана штета на државниот буџет.

Поради сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против 20-годишникот е поднесена кривична пријава.

Најнови вести