ПРВ.мк
Сцена

НОВА МИСТЕРИЈА СО БАKА ПРАСЕ: Неговиот тим откри кога ќе се огласи, а обвинителството проверува кој ги објавува пораките!

НОВА МИСТЕРИЈА СО БАKА ПРАСЕ: Неговиот тим откри кога ќе се огласи, а обвинителството проверува кој ги објавува пораките!

Случајот со српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, добива ново продолжение. Откако на неговиот профил на Инстаграм се појавија информации дека бил приведен од маскирани лица, а потоа обвинителството официјално демантираше дека воопшто имало апсење, сега на истата страница е објавена нова порака со која повторно се отворија бројни прашања.

Во најновото известување, потпишано од неговиот тим, се тврди дека Илиќ сè уште се наоѓа во притвор, но дека наскоро ќе биде ослободен и повторно ќе ја преземе контролата врз својот профил на Инстаграм.

„Потврдено: Богдан утре излегува од притвор и го презема Инстаграм. Очекувајте утре да се огласи околу 19 часот“, се наведува во објавата.

Пораката предизвика нови реакции кај неговите следбеници, особено затоа што само еден ден претходно Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека информациите за неговото приведување не се точни.

Обвинителството го демантираше апсењето, најавена кривична пријава

Целата ситуација започна на 9 ноември, кога на официјалниот профил на Бака Прасе беше објавено дека околу шест часот наутро маскирани лица влегле во неговиот дом и го одвеле во непознат правец.

Во првичната порака, која исто така била потпишана од неговиот тим, се тврдеше дека јутјуберот бил приведен и дека ќе биде задржан 48 часа. Во објавата се споменуваше и наводна поврзаност со случајот на „Алта банка“, како и сомневања за перење пари.

Информацијата брзо се прошири низ регионалните медиуми, а јавноста со часови се обидуваше да дознае дали навистина се случило приведувањето.

Сепак, по извршените проверки, Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека станува збор за невистинити информации. Според официјалното соопштение, Богдан Илиќ во разговорот со полицијата објаснил дека спорните тврдења ги објавил затоа што снимал видеозапис што планирал да го објави на својот Јутјуб-канал.

Поради ширењето лажни информации на социјалните мрежи, обвинителството најавило дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување паника и неред.

Се истражува кој стои зад новите објави

Најновите пораки на профилот отворија дополнителна дилема: дали нивен автор е самиот Богдан Илиќ, некој од неговите соработници или, пак, постои можност профилот да бил хакиран.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, следниот чекор е прибирање дигитални докази и утврдување на потеклото на објавените пораки.

Обвинителството за високотехнолошки криминал треба да провери од која сметка биле испратени спорните содржини, дали ги објавил самиот Илиќ или некој од неговиот тим, како и дали постои можност профилот да бил компромитиран и искористен за ширење невистинити информации.

Адвокатот Радомир Мунижаба за „Блиц“ објаснил дека во вакви случаи најпрво треба да се обезбедат дигиталните докази, да се утврди кој ги објавил спорните пораки и да се провери дали имало неовластен пристап до профилот.

Во меѓувреме, вниманието е насочено кон најавеното обраќање на Бака Прасе, кое, според пораката на неговиот тим, треба да се случи околу 19 часот. Засега останува неизвесно дали јутјуберот навистина ќе се појави и лично ќе објасни што се случувало.

Случајот, кој започна со драматична објава за наводно апсење, сега отвора и сериозни прашања за одговорноста при објавувањето и ширењето лажни информации на социјалните мрежи.

Најнови вести