ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Тврди дека го хранела, облекувала и му помогнала да добие работа на РТС, а сега е разочарана од него!

(ФОТО) НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Тврди дека го хранела, облекувала и му помогнала да добие работа на РТС, а сега е разочарана од него!

Јелена Карлеуша повторно се најде во центарот на вниманието на српската јавност, откако јавно го нападна 24-годишниот новинар Вукашин Катиќ, кој неодамна потврди дека станал дел од српската Радио-телевизија РТС. Пејачката тврди дека во минатото многу му помогнала, дека се залагала за неговата кариера и дека дури интервенирала за да не добие отказ од претходното работно место.

Катиќ е телевизиски новинар и репортер од Србија, кој преку својот профил на Инстаграм објави фотографија од студиото на РТС, со што потврди дека започнал да работи во јавниот сервис. По оваа објава, српските медиуми објавија повеќе информации за неговиот нов ангажман.

Меѓутоа, веста очигледно не ѝ се допаднала на Карлеуша. Таа се огласи на социјалните мрежи и објави скриншот од преписка со тогашната директорка на РТС, преку која, како што тврди, се залагала Катиќ да добие можност за работа. Сега, според нејзините зборови, двајцата повеќе не се во добри односи.

Пејачката откри и дека претходно интервенирала во телевизија Пинк, каде што младиот новинар работел, за да не биде отпуштен од работното место.

Повод за нејзината реакција биле коментарите на Катиќ по објавувањето на веста дека станува дел од РТС. Кога бил прашан за Карлеуша, тој одговорил дека не сака да зборува лошо за неа, но дека таа треба да учи од сопствените грешки.

Овој одговор очигледно ја налутил пејачката, која го обвинила дека е неблагодарен и јавно ги изнела сите работи што, според неа, ги направила за него.

Карлеуша откри што тврди дека направила за младиот новинар

Во својата објава, Карлеуша не го криеше разочарувањето и порача дека е згрозена од она што го прочитала.

Таа раскажа дека Вукашин уште како малолетник го затекнала на својата тераса, каде што, според нејзините тврдења, влегол без дозвола за да се фотографира како нејзин обожавател. Наместо да го отфрли, таа одлучила да му помогне и да му подаде рака.

„Искрено, згрозена сум од ова што го прочитав.

Вукашин Катиќ е момче кое додека беше малолетно го затекнав на мојата тераса, на која неовластено влегол за да се фотографира како мој обожавател.

Му подадов рака и му помогнав“, напишала пејачката.

Потоа навела дека младиот новинар престојувал во нејзиниот дом, ги користел нејзините автомобили, а таа му обезбедувала храна, облека, пари и патувања.

„Спиеше во мојот дом, ги возеше моите автомобили, го хранев, го облекував, му давав пари, го носев на патувања и му помагав на секој можен начин“, тврди Карлеуша.

Таа додала дека се залагала и за неговата професионална кариера. Според нејзините зборови, дури молела да не биде отпуштен од телевизија Пинк, бидејќи, како што тврди, не ги извршувал совесно работните обврски. Подоцна, исто така, се ангажирала и за да добие работа во РТС.

Карлеуша смета дека по сето тоа, најмалку што можел да направи било јавно да ѝ се заблагодари.

„Најмалку што требаше да напише беше едно обично БЛАГОДАРАМ.

Вукашине, ДА ТИ Е СРАМ! И тебе и на Милош!“, напишала таа.

Во објавената преписка се споменува и „враќање на услугата“

Покрај обвинувањата, Карлеуша објави и делови од комуникацијата со тогашната директорка на јавниот сервис, во која барала да му се даде шанса на Катиќ.

Посебно внимание привлече делот од преписката во кој се споменува „големо враќање на услугата и реванш“, додека во разговорот се наведува и дека „сите имаат некаква врска“.

По овие објави, во српските медиуми се појавија информации дека од раководството на РТС ќе биде побарано да ги утврди околностите под кои Вукашин Катиќ бил ангажиран во јавниот сервис. Целта, според медиумските наводи, е да се спречи дополнително нарушување на угледот на телевизијата.

Во меѓувреме, Катиќ ги избриша своите профили од социјалните мрежи.

Според објавените информации, тој продолжил да се дружи со Зоран Бирташевиќ, поранешниот најблизок соработник на Јелена Карлеуша.

Најнови вести