На завршната сесија од денот посветен на Алијансата за трансформативна акција за климата и здравјето (ATACH), министерот за здравство Арбен Таравари / Игор Клековски, заедно со министерот за здравство на Бахамите, д-р Мајкл Дарвил, и д-р Жером Вајнбах од Франција, ги истакна клучните стратешки приоритети за идниот развој на секторот.

Во своето обраќање, министерот Клековски посочи три основни насоки за дејствување:
- Директна поддршка на терен: Процесите и помошта да бидат поблиску до земјите преку спроведување практични и видливи мерки;
- Полесен пристап до финансирање: Обезбедување поедноставени процедури за финансирање на конкретни здравствени проекти;
- Поттикнување партнерства: Градење соработка меѓу државите со цел размена на искуства и меѓусебно учење.
Преку оваа сесија уште еднаш беше потврдена важноста од меѓународното поврзување и заедничкото дејствување во градењето одржливи и отпорни здравствени системи.







