ПРВ.мк
Црна Хроника

Моќна лавина затрупа десетици алпинисти – има загинати и исчезнати

Моќна лавина затрупа десетици алпинисти – има загинати и исчезнати

Голема трагедија се случи во рускиот Северен Кавказ, каде што најмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени, откако лавина затрупа група алпинисти во Кабардино-Балкарија.

Според информациите на локалните служби за итни случаи, лавината се активирала вчера околу 17 часот по локално време на падините на Мижирги, еден од највисоките врвови во регионот.

Во моментот на несреќата на планината се наоѓала група од 33 алпинисти.

Десетмина од нив успеале самостојно да се спуштат до безбедно место, додека судбината на уште шест лица засега останува непозната.

Во тек е голема операција за пребарување и спасување во која се вклучени повеќе од 50 спасувачи.

Акцијата се одвива во исклучително тешки услови поради непристапниот планински терен, а дополнителен проблем претставува опасноста од активирање нови лавини.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите алпинисти, а се очекуваат дополнителни информации од руските надлежни служби.