ПРВ.мк
Црна Хроника

Пламен во училишен двор во Тетово – интервенираа пожарникарите

Пламен во училишен двор во Тетово – интервенираа пожарникарите

Пожар избувнал во дворот на ОСУ „Кирил и Методиј“ во Тетово, каде што се запалиле повеќе градежни панели наменети за изградба на затворен базен. Во инцидентот нема повредени лица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 6 септември во 14:45 часот во СВР Тетово.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека пожарот ги зафатил градежните панели кои биле складирани во училишниот двор.

На терен интервенирале пожарникари од Територијалната противпожарна единица Тетово, кои успеале да го изгаснат пожарот.

За случајот бил известен и јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.