ПРВ.мк
Македонија

Од кратки ракави директно во есен: Македонија ја очекува нагло заладување и нестабилно време

Од кратки ракави директно во есен: Македонија ја очекува нагло заладување и нестабилно време

На летните горештини полека им се наѕира крајот, а според метеоролошките прогнози, Македонија и поширокиот регион на Балканот во наредниот период ги очекува значителна промена на временските услови.

Од околу 11 септември се очекува спуштање на постудена воздушна маса од север кон Балканскиот Полуостров, која би требало да донесе пад на температурите и значително понестабилно време.

Ладниот атмосферски фронт најпрво ќе се движи преку централните делови на Европа и Алпите, каде што на повисоките места се можни и снежни врнежи, а потоа неговото влијание треба да се прошири кон Балканот.

Дожд, грмежи и локално невреме

Со навлегувањето на постудениот воздух се очекува дестабилизација на атмосферата. Во повеќе делови од Балканот се најавуваат почести врнежи од дожд, грмежи и услови за локално поинтензивни невремиња.

Промената треба да се почувствува и во Македонија, каде што по долг период на високи температури ќе следува посвежо и попроменливо време.

Особено забележлив ќе биде падот на температурите, со што временските услови сè повеќе ќе потсетуваат на есен.

Се наѕира крајот на летните горештини

По периодот на екстремно топло време, ваквата промена би можела да го означи постепениот премин кон есенски временски услови.

Сепак, со оглед на тоа што станува збор за прогноза за неколку дена однапред, точниот интензитет и распоредот на врнежите и невремињата дополнително ќе се прецизираат.

Доколку прогнозите се остварат, од 11 септември чадорите и посвежата облека повторно ќе станат потребни – есента полека пристигнува во Македонија.