ПРВ.мк
Македонија

Митко Јанчев по повод 7 Септември: 82 години слободно Кавадарци – слободата е наша чест, но и наша обврска

Митко Јанчев по повод 7 Септември: 82 години слободно Кавадарци – слободата е наша чест, но и наша обврска

Кавадарци денес одбележува 82 години од ослободувањето на градот, а по повод 7 Септември – еден од најзначајните датуми во поновата историја на Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев упати порака за почит кон хероите и зачувување на вредностите за кои тие се бореле.

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци беше оддадена почит на сите кои со својата храброст и жртва придонеле Кавадарци да ја дочека слободата.

Одбележувањето на 7 Септември е потсетување на генерациите кои ги положиле своите животи за слободата, но и на одговорноста на денешните генерации да го зачуваат нивниот аманет.

Јанчев порача дека слободата е чест, но истовремено и обврска – да се почитува минатото и да се продолжи со посветена работа за развојот и иднината на Кавадарци.

„Нека ни е честит 7 Септември! Да живее Кавадарци! Да живее слободата!“, порача градоначалникот Митко Јанчев.