ПРВ.мк
Македонија

Клековски на средба со Полската амбасада: Донација за болницата во Кочани и продлабочување на соработката во здравството

Клековски на средба со Полската амбасада: Донација за болницата во Кочани и продлабочување на соработката во здравството

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со Мариуш М. Бримора, шеф на мисијата на Амбасадата на Полска, на која се разговараше за конкретна поддршка за македонското здравство и за понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Една од главните теми на средбата беше донацијата на медицинска опрема за Општата болница во Кочани, со која ќе се придонесе за подобрување на условите за работа на здравствените работници и услугите што ги добиваат пациентите.

Клековски и Бримора разговараа и за можностите за продолжување и унапредување на македонско-полската соработка во здравствениот сектор, како и за идни иницијативи од заеднички интерес.

Министерот Клековски изрази благодарност до шефот на мисијата Бримора за поддршката и континуираната соработка, нагласувајќи го значењето на меѓународните партнерства во процесот на унапредување на здравствениот систем.

Средбата претставува уште еден чекор кон продлабочување на соработката со Полска и обезбедување конкретна поддршка за македонските здравствени установи.