ПРВ.мк
Македонија

Маж дивеел во обложувалница, нападната вработена и искршен пулт!

Маж дивеел во обложувалница, нападната вработена и искршен пулт!

Непријатна сцена се одвивала синоќа во спортска обложувалница во Тетово, откако 65-годишен маж направил инцидент и агресивно се однесувал кон вработена.

Според информациите од СВР Тетово, на 8 февруари околу 20:15 часот, 31-годишна жена од село Беловиште, која работела во објектот, пријавила дека лицето Б.Б. од Тетово започнало со закани и навредливо однесување. Ситуацијата ескалирала кога тој го скршил стаклото од пултот.

За среќа, нема информации за физички повреди, но настанот предизвикал вознемиреност кај присутните. Полицијата извршила службени дејствија и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Се очекува против лицето да бидат поднесени соодветни пријави согласно законот, откако ќе се утврдат сите околности поврзани со инцидентот.