ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПАДНАТА ДОДЕКА ЧИСТЕЛА: Скопјанка пријавила несоодветно допирање во познат објект во Гази Баба

НАПАДНАТА ДОДЕКА ЧИСТЕЛА: Скопјанка пријавила несоодветно допирање во познат објект во Гази Баба

39-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и допирана по телото во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба.

Според пријавата, инцидентот се случил додека жената била ангажирана заедно со нејзината мајка за извршување хигиеничарски услуги во објектот. На 19 септември во 20:00 часот таа го пријавила случајот во СВР Скопје, наведувајќи дека едно лице физички ја нападнало и ја допирало по телото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавениот настан.