Најмалку 48 лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што утрово се случила во градот Сеонгнам, јужно од главниот град Сеул во Јужна Кореја. Во верижниот судир учествувале градски автобуси, камион и десетици патнички автомобили, откако еден автобус удрил во возилата кои чекале на семафор.
Несреќата се случила во 7:34 часот по локално време, во округот Бунданг. Според информациите од надлежните служби, во судирот биле вклучени вкупно четири автобуси, еден камион и 27 патнички автомобили.
Градскиот автобус удрил во возилата кои биле запрени на семафорот, по што продолжил да се движи сè додека не удрил во заштитната бариера, каде што конечно застанал.
Во несреќата повредени се најмалку 48 лица. Шестмина од нив се здобиле со потешки повреди, но според официјалните информации, ниту едно од повредените лица не е во животна опасност.
Надлежните служби ги утврдуваат околностите под кои дошло до тешкиот верижен судир.







